Обама побара од Русија отстапки за Сирија

Претседателот на САД Барак Обама смета дека преговорите со РФ се клучен дел од процесот на регулирање на конфликтот во Сирија.

САД и Русија сѐ уште имаат „сериозни разногласија“ за Сирија и без отстапки од страна на Москва ќе биде тешко да се дојде до напредок, изјави претседателот на САД Барак Обама, пренесува РИА „Новости“.

„Ние имаме сериозни разногласија со Русите во однос на страните што ги поддржуваме и процесот што е неопходен за да се постигне мир во Сирија. Без отстапки од страна на Русија во дело за намалување на насилството и олеснување на хуманитарната криза тогаш тешко може да видиме како ќе преминеме на следната фаза“, изјави Обама на заедничката прес-конференција со премиерот на Велика Британија Тереза Меј.

Притоа тој истакна дека преговорите со РФ се клучен дел од процесот на регулирање на конфликтот во Сирија.

Претходно во петокот, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Русија врши консултации со САД за изработка на алгоритам на дејствија за координација во Сирија и смета дека таа работа ќе заврши во следниве денови.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња