Прашањето за територијалната припадност на Крим е историски затворено, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на пленарната седница на Источниот економски форум во Владивосток.
„Народот на Крим донесе одлука, гласаше. Прашањето е историски затворен. Не постои никаква можност за враќање на претходниот систем“, изјави Путин, пренесува „Взгљад”.
Киев и понатаму се надева дека ќе го врати Крим во состав на Украина. Украинскиот претседател Петро Порошенко на 23 август, денот на националното знаме на Украина одржа говор во кој истакна дека украинското знаме мора да се виори над Донбас и Крим.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче