Путин: Ердоган може во целост да ја нормализира ситуацијата во Турција

Претседателот на Русија Владимир Путин изјави во разговорот со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Турција се соочува со сериозни терористички злосторства и изрази увереност дека Анкара ќе успее во целост да ја нормализира ситуацијата во земјата.

„Мило ни е што се нормализира внатрешнополитичкиот живот во Турција“, изјави рускиот лидер на средбата со Ердоган во кинескиот град Ханжу, каде ќе започне самитот на Г-20, пренесува РИА „Новости“.

„Гледаме дека Турција преживува сложени времиња, се бори со тероризмот и се судира со сериозни терористички злосторства“, продолжи Путин и додаде дека двете страни повеќепати го искажале својот став во однос на борбата со тероризмот.

„Убеден сум дека вие – очигледно, веќе успеавте – но ќе успеете во целост да ја нормализирате ситуацијата во земјата и да се продолжите да се движите по патот на нашата соработка“, му се обрати рускиот претседател на Ердоган.

Од своја страна, Ердоган истакна дека со Путин има намера особено да ја разгледа соработката во енергетиката, како и сите прашања од билатералната соработка кои беа поставени на петербуршката средба.

Ердоган, исто така, му се заблагодари на Путин за обновувањето на чартер-летовите меѓу двете земји.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња