МНР РФ: Потребен е дијалог со Турција за борба против тероризмот

Шефот на Одделот за нови предизвици и закани на МНР РФ Илја Рогачов изјави дека Москва очекува од Анкара искрен и чесен пристап во борбата против тероризмот

Русија и Турција треба да воспостават дијалог за борба против тероризмот, но уште е рано да се зборува за формирање на билатерална комисија. Ова го изјави шефот на Одделот за нови предизвици и закани на МНР РФ Илја Рогачов, пренесува ТАСС.

Според него, во моментов меѓу Русија и Турција има многу разлики во прашањата за борба против тероризмот во Сирија и Ирак. „Уште е рано да се формираат билатерални комисии за борба против тероризмот“, изјави дипломатот. Сепак само по себе се наметнува враќање на дијалогот во оваа област“.

„Беа донесени соодветни одлуки, за нив зборуваа и рускиот претседател Владимир Путин, и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров“, наведе Рогачов. „Затоа се надеваме дека ќе почнеме да ги решаваме многу сериозните проблеми кои се акумулираа во областа на борбата против тероризмот“.

Дипломатот истакна дека единствениот начин за решавање на овие прашања е „разговорот едни со други“. „Треба да се воспостави дијалог и да се оди напред, ова е ставот на Москва“, додаде тој.

Рогачев изјави дека Москва очекува од Анкара искрен и чесен пристап во борбата против тероризмот.

„Политичките одлуки што се донесени, тие, несомнено, ќе бидат исполнети“, потенцира Рогачов. „И ние се надеваме од турската страна ќе наидеме на исто таков искрен однос“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња