Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Русија Марија Захарова иронично реагираше на издавањето налог за апсење на министерот за одбрана на Русија и негово приведување во киевскиот Печерски суд. Таа претпоставува дека Украина на тој начин сака да си најде „нормален министер за одбрана“.
„Тоа е сјајна приказна: војуваат со Русија (според тврдењата на украинското раководство, Украина се наоѓа во воена состојба) така што министерот за одбрана го повикуваат во реонски суд. Супер! А зошто само него, без тенкистите, кои исто така според тврдењето на киевското раководство, „ги преоруваат украинските простори“? Излегува дека или тенкистите не се воопшто виновни, па ги пуштаат намира да војуваат, или реонскиот суд се плаши дека момците, со оглед дека се учтиви, навистина би можеле да одговорат на повикот и да стигнат во Печерскиот реон на Киев“, пишува Захарова на „Фејсбук“.
Таа исто така додава дека ја разбира логиката на Печерскиот суд.
„Тие исто така би сакале во Украина најпосле да се појави нормален министер за одбрана. Но не можат поради тоа насила да ни го грабнат Сергеј Кужугетович (Шојгу)! Стрпете се малку, и вам ќе ви се посреќи еден ден“, пишува Захарова.
Во четвртокот, 1 септември, Печерскиот реонски суд во Киев на барање на главното воено обвинителство на Украина издаде налог за апсење на министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу.
Се истакнува дека важноста на оваа одлука истекува на 26 февруари 2017 година или порано во моментот на проведување на осомничениот или на повлекување на одлуката.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче