Русија може да стане лидер во производството на злато

Русија во 2030-те години со годишно произведени 400 тони злато би можела да биде светски лидер во оваа сфера, изјави советникот на генералниот директор на „Росгеологии“ Борис Михајлов на 35 Меѓународен геолошки конгрес во Кејптаун.

„Анализата на моменталната ситуација и податоците со кои располагаме ни даваат право основано да претпоставиме дека до 2030 година вкупниот обем на производство на злато во Русија ќе достигне 400 тони, а врз основа на остварените резерви постои можност веќе постигнатото темпо на раст да биде задржано најмалку до 2050 година“, рече Михајлов. 

Растот на производството во долгорочна перспектива се обезбедува со постојниот и докажаниот потенцијал на минерално-суровинската база на злато во Русија, а териториите во Магаданската област и република Саха располагаат со посебен потенцијал.

„Резервите на скапоцениот метал кои се овде истражени (Наталкинское, Павлик, Дегдеканское, Дражное и другите наоѓалишта) изнесуваат повеќе од 30 отсто од севкупните руски резерви. Се планира врз база на тие наоѓалишта да никне голем центар на светското производство на злато кој би реализирал најмалку сто тони годишни. Освен тоа, постои голема веројатност во споменатите региони да бидат отворени нови големи локации“, вели Михајлов.

Приоритетни за развој се, како што вели Михајлов, и западот и југот на Источен Сибир со релативно развиена инфраструктура. Во рамките на ова перспективно подрачје се истражени 45 отсто резерви, а овде се добива 30 отсто од вкупната експлоатација во Русија. Растот на производството на скапоцените метали во блиска иднина се врзува за развојот на наоѓалиштето Сухој Лог (со вкупни резерви над 2,7 илјади тони, во просек 2,3 грама злато на тон), како и понатамошниот развој за добивање на злато на перспективни локации (Вернинское, Невское, Олимпиаднинское, Благодатное и др), пишува „Взгљад“.

Министерот за природни ресурси и екологија на Русија Сергеј Донској неодамна најави дека планира наоѓалиштето на златна руда Сухој Лог да го стави на аукциска продажба (во ноември-декември).

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња