„Неговото заминување од животот е тешка загуба за народот на Узбекистан, како и за целата Заедница на Незаисните Држави и за земјите-партнери во Шангајската Организација за Соработка. Ислам Абдуганевич беше авторитетен државен деец, вистински лидер на својата земја. Со неговото име се поврзани најважните моменти во историјата на современата узбечка држава“, се истакнува во телеграмата со сочувство што ја испрати рускиот претседател.
Путин замолува да се пренесат зборовите со искрено сочувство и поддршка до роднините и блиските на покојниот, владата и целиот народ на Узбекистан, пренесува „Интерфакс“.
По наредба на Путин, официјалната делегација на РФ на погребот на претседателот на Узбекистан ќе ја предводи премиерот на Русија Дмитриј Медведев, кој исто така испрати телеграма со сочувство до раководството на Узбекистан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче