Различниот однос спрема државниот преврат во Украина и обидот за пуч во Турција ги покажа двојните стандарди на Западот, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во интервју за изданието на Советот за надворешна и одбранбена политика на Русија, пренесува „Лента.ру“.
„Двојните стандарди се присутни“, потенцира Лавров. „На никој од нашите западни партнери не му падна на ум да го каже за Украина она што сега се зборува за обидот за државен удар во Турција – дека превратите се неприфатливи“.
Министерот укажа на тоа дека во однос на Турција немало никакви обврски слични на оние кои ги потпишаа Франција, Германија и Полска на 20 февруари 2014 година кога се обврзаа да го поддржат договорот меѓу тогашниот претседател на Украина Виктор Јанукович и опозицијата.
„Следниот ден сѐ пропадна, тие си ги „измија рацете“, велејќи „така испадна“, потсети Лавров.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче