Стејт департментот на САД со план во случај на руска инвазија врз Украина

САД имаат „изработен план“ во случај на руска инвазија во Украина.

САД имаат „изработен план“ во случај на руска инвазија во Украина, соопшти координаторот на Стејт департментот на САД за санкции Даниел Фрид за украинскиот сервис на „Гласот на Америка“. „Ако се случи најлошото – целосна инвазија врз Украина – ние имаме изработен план“, изјави тој.

Фрид тврди дека ова прашање САД го дискутирале со Германија, Франција, Велика Британија и Полска. Освен тоа, тој потсети дека, доколку во Донбас се обноват воените судири, САД и ЕУ ќе ги засилат санкциите против Русија. Претставникот на Стејт департментот смета дека Русија „не се обиде да ги врати под контрола териториите на Донбас кои во 2014 Украина си ги поврати назад со борба“ единствено поради санкциите.

Претходно претседателот на Украина Петро Порошенко изјави за можноста од „целосна руска инвазија по сите азимути“, додавајќи дека во Украина ќе се воведе воена состојба и ќе се објави мобилизација доколку ситуацијата во Донбас и на Крим се заостри, пишува „Комерсант“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња