Шредер: На Европа ѝ треба силна Русија, на САД - слаба

На Европа ѝ е потребна силна Русија, додека истовремено на САД со нивната „глобална конкуренција“ Русија им е потребна слаба, изјави поранешниот канцелар на Германија Герхард Шредер на форумот „Германско-руски економски средби“ во градот Бад Пирмонт.

„Нам ни се потребни не само ресурси, нам ни треба и пазар: тоа се нашите соседи“, изјави Шредер, пишува „Взгљад“.

„Никој не страда толку од санкциите во надворешната трговија како ние. И зошто, впрочем, треба да страдаме, кога и онака е јасно дека од санкциите нема да има многу полза“, рече Шредер.

Без оглед на сите „недоразбирања“, Западот треба да им се врати на „партнерските односи“ со Москва, изјави Шредер.

Претходно тој ја прекори ЕУ за недостиг од интелигенција во односите со Москва.

Дводневниот форум „Германско-руски економски средби“ собра околу 150 учесници – политичари и претставници на бизнис-заедницата на двете земји.

Манифестацијата се смета за важен импулс за заживување на дијалогот меѓу руските и германските региони и развојот на деловните врски меѓу нив.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња