Претседателот на Русија Владимир Путин смета дека суетноста не треба да биде дел од карактерот на секој лидер.
За својот однос спрема ова прашање шефот на државата раскажа на средбата со учениците во гимназијата бр.2 во Владивосток, пренесува РИА „Новости“.
„Оној што сака да го сметаат за лидер и да добие некаква номинација, никогаш не треба да го крева носот сметајќи дека е најдобар од сите. Што човек почнува да се смета за подобар од сите, од тој момент тој почнува да губи. Амбициозноста е добра, суетноста е лоша“, изјави Путин.
Притоа тој во целина позитивно го оцени постојниот систем за воспитување на лидерски квалитети во гимназијата што ја посети.
Учениците исто така го прашаа претседателот како е да се биде на чело на државата со години. „Како е – нема да ви кажам, тоа луѓето го определуваат на избори, доаѓаат и гласаат“, одговори Путин. Притоа тој потенцираше дека „треба да се учи цел живот, постојано“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче