Додека Западот беспомошно ја гледа усложнетата ситуација во Сирија, Русија стана земја без која решението на конфликтот се покажа како невозможно. Москва сака рамноправен дијалог со Вашингтон и се стреми да си го поврати статусот на суперсила и заради тоа гради односи со земјите на Блискиот Исток, пишува германски „Ди Велт“.
Според мислењето на изданието, Москва има три цели во Сирија – да не дозволи пропаст на сирискиот режим, за да се имаат предвид руските интереси во регионот. Втората цел е борбата со исламистите, додека третата цел на Русија е стремежот за враќање на своето право на глас на меѓународно и регионално ниво.
Притоа за разлика од Советскиот Сојуз, Русија става акцент не на идеологија, туку на прагматизам, истакнува „Ди Велт“. Москва покажува флексибилност карактеристична за таквиот пристап.
Така, минатата есен, кога Турција го собори рускиот Су-24, се појави опасност од отворен воен судир меѓу двете земји. Меѓутоа, денеска може да се види умерената реакција на Русија во однос на турската воена операција во Сирија, се вели во статијата на списанието.
Покрај тоа, Русија е заинтересирана за добри стратешки односи со Иран. Москва се стреми кон економско партнерство, иако засега од пријателските односи со Техеран најголема полза има воената индустрија преку примерот со испораката на системи С-300 кои треба да ги штитат нуклеарните објекти на земјата, заклучува „Ди Велт“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче