Лавров се сомнева дека САД вршат „не сосем мировни биолошки истражувања“

САД, одбивајќи да се создаде механизам за контрола на почитувањето на Конвенцијата за забрана на биолошкото и токсичното оружје (КБТО), си навлекоа врз себе сомнежи, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров

Според шефот на Министерството за надворешни работи на Русија, Американците можат да вршат воени истражувања во оваа сфера. Тој рече дека Русија предложила да се создаде механизам за проверки на имплементацијата на Конвенцијата, но САД ја блокирале таа идеја, пренесува РИА „Новости“.

Според Лавров, руските власти имаат информации дека Американците се занимаваат со „низа програми, вклучително и со нашите соседи кои се посветени на истражувања во сферата на биологијата“. Како што истакна министерот, отфрлањето од страна на САД на механизмот за мониторинг „сугерира дека овие истражувања не се сосем мировни“.

Претходно во Женева се одржа заседание на Комитетот за подготовка на VIII конференција за ревизија на спроведувањето на КБТО. Претставниците на „Роспотребнадзор“ соопштија дека идејата на Русија за механизам за контрола била поддржана од Кина, Индија, Куба, Иран, Казахстан, Ерменија и Белорусија, а САД и нивните партнери биле против. Според Американците, самата Конвенција има доволно инструменти, а дискусијата за новите мерки за подобрување на нејзината ефикасност е „губење на време“.

Во мај рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека САД се обидуваат да го ослабат меѓународниот режим за забрана на биолошкото оружје, а во исто време ја зголемуваат својата воена биолошка инфраструктура, особено до руските граници.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња