Министерот за надворешни работи на Украина Павло Климкин изјави дека стратегијата на Москва наводно се состои во враќање на Донбас како „тројански коњ“ во составот на Украина.
„Ако му дадеме на Донбас автономија како што сака Русија, тоа ќе биде пат кон федерализација на Украина, кон нејзино ослабување и поделба. Токму кон тоа се стреми Русија. Тоа ќе биде легитимизација на руски протекторат во Донбас. Потоа стратегијата на РФ се состои во тоа што повторно ќе го врати назад тој протекторат во состав на Украина како „тројански коњ“, изјави Климкин во интервју за „Дојче Веле“.
Претходно портпаролот на руската држава Дмитриј Песков изјави дека Русија очекува договорот за прекин на огнот во Донбас да биде поткрепен од страна на Киев со донесување закони за посебен статус на регионот и за амнестија, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче