Претходно беше објавено дека Шефчович има намера да ги посети Киев и Москваи дека сака да се сретне со министрите за енергетика на двете земји, како и да ги дознае нивните мислења за перспективите на трилатералните преговори за испорака на гас.
„Во минатото таквиот формат ја докажа својата полза: за сите е подобро да седиме еден до друг на иста маса. Русија како експортер, Украина како транзитер и ЕУ како главен импортер имаат заеднички интерес... За разгледување на прашањата за испорака на гас за зимската грејна сезона што доаѓа подобро одговара трилатерален формат“, се вели во изјавата на Шефчович што ја објави прес-службата на претставништвото на ЕУ во Украина, а пренесува РИА „Новости“.
Во јули Шефчович апелираше до „Гаспром“ и „Нафтогас на Украина“ да ги усогласат условите за купување руски гас за претстојната зима. Тогаш тој исто така изјави дека Европската комисија е подготвена да помогне во преговорите.
Киев престана да купува гас од Русија на крајот на ноември 2015 година, продолжувајќи да купува транзитно гориво од ЕУ. Притоа министерот за енергетика на Украина Игор Насалик призна дека европскиот гас е 45 долари поскап од рускиот.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче