Руските спортисти кои беа исклучени од Игрите во Рио од страна на Меѓународниот параолимписки комитет ќе се натпреваруваат на 7 и 8 септември во Подмосковје, изјави за „Р-Спорт“ претседателот на Параолимпискиот комитет на Русија Владимир Лукин.
Натпреварувањата ќе го опфатат целиот спектар спортски дисциплини, нагласи Лукин.
„Како што знаете, одлуката за ова е донесена неодамна, а станува збор за одржување на натпреварување со големи размери. Во овој момент се занимаваме со најкрупните прашања, а тука има уште илјада детали. Кога ќе имаме комплетна информација ќе ги изнесеме сите поединости“, рече Лукин, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче