Федералниот суд на Швајцарија ја одби жалбата на Параолимпискиот комитет на Русија (ПКР) на суспензијата за настап на руските атлетичари на Параолимпијадата во Рио де Жанеиро, се вели во соопштението за јавноста на судот што го пренесува РИА „Новости“.
Во својата апелација ПКР бараше времено запирање на одлуката на Судот за спортска арбитража што ќе им овозможеше на Русите да настапат на Параолимпијадата.
Покрај тоа, шајцарскиот суд истакнува дека ПКР не може да бара индивидуална дозвола за настап за руските спортисти, затоа што параолимпијците „не се директни учесници во постапката“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче