Членките на Г-7 се подготвени да го разгледаат со Русија нејзиното враќање во Г-8 во случај на напредок околу Донбас и Сирија, изјави министерот за надворешни работи на Германија Франк-Валтер Штајнмаер во интервју за мрежата „РедактионсНецверкДојчланд“.
„Конфликтите во Сирија и Украина покажуваат дека во нашите интереси е да не ја исклучуваме Русија од тесниот преговарачки на најголемите светски економии... Ако, на крај, се појави суштински напредок во источна Украина и на преговорите за примирје во Сирија, партнерите во Г-7 се подготвени да разговараат за тоа со Москва“, додаде тој.
Членките на Г-8 во 2014 година, поради припојувањето на Крим кон Русија, донесоа одлука да не патуваат на редовниот самит во Сочи, туку се собраа во Брисел без учество на Русија. Во моментов во Г-7 членуваат Германија, САД, Канада, Јапонија, Франција, Велика Британија, Италија.
Шефот на руското МНР Сергеј Лавров изјави дека Москва нема да преземе никакви чекори за враќање во Г-8 и дека тоа нема да го прави. Според него, западните партнери „веќе се убедуваат дека Русија треба да се врати во Г-8“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче