Министерството за одбрана на Русија ја потврди ликвидацијата како резултат на воздушен напад од Су-34 во провинцијата Алепо на вториот човек на терористичката група „Исламска држава“, се вели во соопштението на рускиот одбранбен ресор што го пренесува РИА „Новости“.
„Меѓу ликвидираните терористи, според информацијата потврдена од неколку разузнавачки канали, беше и теренскиот командир Абу Мухамед Ал-Аднани, попознат како „официјален претставник за работа со медиумите“ на меѓународната терористичка група „Исламска држава“, се вели во соопштението.
Се истакнува дека Абу Мухамед Ал-Аднани бил сметан за второ лице во ИД по лидерот на групата Абу Бакр ал-Багдади и бил познат по неговите апели за извршување терористички напади во земјите на Западна Европа и САД.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче