Кремљ за враќањето во Г-8: Москва е задоволна и со Г-20

На Москва во моментов повеќе ѝ одговара форматот Г-20 отколку Г-8, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

Москва е апсолутно задоволна од форматот Г-20 кој најпотполно го одразува распоредот на силите и ѝ дава на Русија максимални можности за покажување на својот потенцијал, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков, пренесува РИА „Новости“.

„Што се однесува до проблематиката со „осумте“, најважно, веројатно, е тоа што Москва е задоволна со форматот на „дваесетте“, кој ѝ овозможува да добие најцелосен пресек на водечките светски економии во процесите што се случуваат.

Тој го одразува распоредот на силите и ѝ овозможува на Русија најцелосно да го покаже потенцијалот во тој формат“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето на новинарите да ја коментира изјавата на шефот на германската дипломатија Штајнмаер за перспективите на Русија во однос на враќањето во Г -8.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња