„Веќе во оваа фаза имаме низа прашања во врска со заклучоците на заедничкиот механизам на ОН и ОЗХО (Организацијата за забрана на хемиското оружје) во истрагата на некои инциденти. Тие во целост можеле да бидат измислени од опозициските сириски сили и терористичките структури, можно е и со помош отстрана“, истакна Чуркин, пренесува РИА „Новости“.
Тој додаде дека Советот за безбедност на ОН изгуби најмалку две години за борба против заканите и докажувањето на хемискиот тероризам на Блискиот Исток поради политичката вмешаност на нејговите членки.
„Ние постојано му укажувавме на Советот на проблемите на достапноста на хемиското оружје на недржавни субјекти, вклучително и на терористите. Конкретно, и оваа година во соработка со делегацијата на Кина му предложивме на Советот да усвои кратка и прагматична резолуција која би придонела за решавање на овој проблем. Но политичката вмешаност на некои од нашите колеги доведе до загуба на најмалку две години за благовремено ослободување од заканите и докажување на хемискиот тероризам на Блискиот Исток“, изјави Чуркин.
Постојаниот претставник додаде дека заедничкиот механизам за истрага на ОН и ОЗХО не успеал со сигурност да ги потврди фактите за хемиски напад во терористички цели и да утврди кој е одговорен за тоа.
Претходно САД, Велика Британија и Франција го повикаа СБ ООН да воведе санкции против Сирија за хемиските напади извршени во провинцијата Идлиб во април 2014 година и март 2015 година, врз основа на извештаите на мисијата на ОН и ОЗХО.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче