Руската војска објави на интернет дел од маневрите на копнените сили и авијацијата на Јужниот воен округ.
Во видеото е прикажана лесната оклопна техника МТ-ЛБ во марш, гаѓања со боева муниција на тенковските единици со Т-72, како и летови на авиони Су-30М2, Су-27СМ и Су-30СМ.
Масовната проверка на борбената готовност на силите во Русија почна согласно наредбата на претседателот Путин за периодот од 25 до 31 август.
Во врска со тоа во состојба на полна борбена готовност се ставени речиси 150000 војници, сметаат експертите со кои разговараше „Руска реч на македонски“.
Притоа станува збор не само за проверка на силите, туку и на системот за управување со државата за решавање на кризни ситуации: командата ја оценува работата на воените комитети за мобилизација на резервистите, ги прилагодува системите за известување во градовите, работата на Централната банка во воено време и друго.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче