Наведена можна причина за „вонземскиот“ сигнал во Русија

Американскиот астроном Ник Сунцеф од Универзитетот Тексас А&М го објасни можното потекло на потенцијалниот вонземски сигнал снимен од страна на руски научници.

Американскиот астроном Ник Сунцеф од Универзитетот Тексас А&М го објасни можното потекло на потенцијалниот вонземски сигнал снимен од страна на руските научници, соопштува „АрсТехника“.

Сунцеф смета дека извор на сигналот, откриен на бранова должина од 2,7 сантиметри, што одговара на фреквенција од околу 11 GHz, можат да бидат воени предаватели. „Господ знае кој или што семитува на 11 Гигахерци“, изјави тој. „Постои значителна можност дека тоа може да биде нешто воено“.

Астрономот им советува на експертите од проектот СЕТИ (Потрага по вонземска интелигенција) (SETI (Search for Extraterrestrial Intelligence), кои веќе ја покажаа својата заинтересираност, да ја имаат предвид оваа околност.

Сигналот од системот HD164595 беше регистриран од рускиот радиотелескоп РАТАН-600 (радиоастрономски телескоп на руската Академија на науки) на 15 мај 2015 година. Еден електромагнетен пулс на бранова должина од 2,7 см е забележан еднаш, а неговиот интензитет го надминуваше зрачење на пулсарот за 10 пати. Познатите научни теории не овозможуваат веднаш да се објасни природата на овој феномен, во врска со што се создаде претпоставка дека бил создаден од вонземска цивилизација, пишува „Лента.ру“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња