Медиуми: Руски хакери нападнаа американски истражувачки центри

Американски експерти повторно обвинуваат „руски хакери“ за напади врз компјутерските системи на организации во САД.

Американски експерти повторно зборуваат за напади „поддржувани од Русија“ од страна на хакерите кои беа обвинети за упад во серверите на врз Демократската партија на САД, соопштува порталот „Дифенс Уан“.

Според информациите на изданието, нов предмет на напад станале истражувачките центри кои се „специјализираат за Русија“, вклучувајќи го Центарот за меѓународни и стратешки истражувања во Вашингтон. Притоа „Дифенс Уан“ се повикува на Дмитриј Алперович, основач на компанијата „Крауд Страјк“ (Crowd Strike) која се занимава со киберзаштита на овие организации.

Стручњаците на оваа фирма наводно утврдиле дека зад новиот обид за упад стои групата „Кози Беар“ (Cozy Bear), позната и како APT29. Токму оваа група беше обвинета за нападот врз базата на податоци на Демократската партија на САД.

Овој пат жртви на хакерите се „помалку од пет организации и десет вработени кои ја проучуваат Русија“, пишува порталот. Сепак, според Алперович, хакерите не успеале да дојдат до информации благодарение на баговремено преземените мерки.

„Дифенс Уан“ потсетува дека американските стручњаци во сферата на кибербезбедноста ги поврзуваат „Кози Беар“ со руските специјални служби и ги обвинуваат хакерите за напади врз системите на Белата куќа, Стејт департментот и Пентагон.  

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња