Раководителот на одделението за воено-воздушни операции на Данската воена академија Карстен Маруп изјави дека новото оружје на кое работи Русија – хиперсоничните ракети – можат да го загрозат постојниот систем за противракетна одбрана, пренесува „Јиландс Постен“.
„Со помош на хиперсоничните ракети може многу брзо да се погоди секоја цел во секоја точка на земјината топка, толку брзо што оние кои обично се подготвени да се обидат да се одбранат од ракетен напад едноставно нема да можат да сторат ништо“, смета Маруп.
Според него, брзината на новите ракети, која е неколку пати поголема од брзината на звукот, ќе биде проблем дури и за противракетната одбрана на САД, која се смета за еден од најдобро развиените системи во светот.
На 17 август генералниот директор на корпорацијата „Тактично ракетно вооружување“ Борис Обносов изјави дека, наводно, до 2020 година во Русија ќе бидат создадени ракети кои летаат со брзина поголема шест до седум пати од брзината на звукот. Според него, создавањето на вакви ракети значително ќе ги ослаби постојните средства за противвоздушна одбрана, пишува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче