Суспензијата на руските параолимпијци поставува важни етички прашања

Масовното казнување кое го игнорира постоењето на вина е во спротивност со принципите на западната цивилизација. Масовното казнување на луѓе кои го совладале инвалидитетот и станале спортисти од светски ранг е многу полошо, пишува Рон Кац во американскиот магазин „Форбс“.

Токму тоа се случи на 23 август со Параолимписките игри кои се одржуваат во Рио де Жанеиро следниот месец, пишува Кац во списанието „Форбс“. Меѓународниот олимписки комитет му забрани на целиот руски тим од 267 спортисти да учествува на Игрите, и тоа без истрага на евентуално направените прекршоци. Судот за спортска арбитража ја потврди забраната врз основа на принципот на „правопропорционалност“, макар што е апсолутно нејасно како казната може да биде правопропорционална ако спортистот кому му е одземено правото да учествува на Параолимпијадата не направил ниту еден прекршок. Затоа не знаеме (ниту некогаш ќе дознаеме) дали правилата ги прекршил целиот тим на чии членови не им е дадена можноста да застанат во своја обрана.

Сите тие спортисти се казнети со тек на нивните животни околности, се наведува во текстот. Тие живеат во земја која беше вмешана во приказната со државното финансирање на допингот. Меѓутоа, овде нема нивна вина, доколку не се допингувале поединечно. Многумина спортисти од други земји користеа допинг, но масовната забрана за учество на Игрите не се однесува на нивните земји.

Освен очигледната незаконитост на процесот во кој без судење се казнуваат и виновници и невини, постојат и други сериозни етички прашања во врска со оваа забрана, па на прво место би можело да се зборува за системот за откривање на допинг, вели меѓу другото Кац, а својот текст го заклучива на следниов начин: 

Сосема е можно толку моќна земја како Русија на некој начин да ја оспорува забраната за учество на своите спортисти на Параолимписките игри. Каков и да биде тој протест, тој очигледно нема да им оди во прилог на меѓународните спортски натпреварувања, без оглед на наивното тврдење на претседателот на Меѓународниот параолимписки комитет кој изјави: „Денешната одлука го одразува нашиот цврст став дека за допингот нема апсолутно никакво место во паролимпискиот спорт, таа придонесува за почитување на правилата на чесното натпреварување и ги обезбедува единствените правила на игра за сите спортисти-параолимпијци во целиот свет“.

Во неговото поимање на светот очигледно не спаѓа една од најголемите земји. А единствените правила на игра за сите спортисти-параолимпијци исклучуваат 267 Руси, заклучува Кац.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња