„Ние не можеме едноставно да продолжиме да сакаме Русија да престане да биде непредвидливо сложен партнер“, изјави Штајнмаер. „Напротив, треба да најдеме начин фазата на конфронтација и растечка тензија повторно да премине на стабилно разбирање на заедничката безбедност“, рече шефот на германската дипломатија, пренесува „Взгљад“.
Според него, страните треба да дојдат до разбирање дека „вистинската безбедност може да се постигне единствено кога и другата страна се чувствува безбедна“.
Претходно на 25 август Штајнмаер изјави дека напрегнатоста во Европа поради зголемувањето на бројот на воени вежби на Русија и НАТО може да се намали со склучување нов договор за контрола на вооружувањето.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче