Главното внимание на војниците и новинарите беше посветено на повеќекратната олимписка шампионка Елена Исинбаева, пренесува РИА „Новости“.
„Воодушевени сме од оваа посета на Сирија. Тоа што долетавме овде е фантастично. Ги следиме вестите, но никогаш не сум помислила дека ќе дојдам овде и ќе видам многу нешта со свои очи“, изјави Исинбаева. „Се запознавме со нашите војници, офицери, генералите и сите се многу едноставни за комуникација. Тоа е многу пријатни“.
Исинбаева додаде дека тоа се многу самоуверени и силни, вистински мажи со кои во седум часот наутро вежбала утринска гимнастика.
„Веднаш ги предупредив дека гимнастиката нема да биде како онаа на која навикнале. Тоа ќе биде гимнастика која ја вежбаат атлетичарите и правилата ќе бидат мои. Момчињата првин негодуваа, но потоа се опуштија. Ни беше многу пријатно. Во стројот имаше многу момци и тие ги слушаа моите команди“, се смее Исинбаева. „Потоа проверувавме кој е посилен. Јас им ги покажував моите вежби, тие на мене нивните“. Исинбаева се пофали дека може да ги повтори сите армиски вежби.
Заедно со Исинбаева, базата Хмејмим ја посетија и олимписката првенка во екипно мечување Софија Великаја, победниците на Олимпијадата во машко екипно мечување Артур Ахматхузин, Тимур Сафин и Алексеј Черемисинов, борачот Сослан Рамонов и својувачот на сребрениот медал на Олимписките игри во стрелаштво Сергеј Каменски.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче