НАТО загрижено поради вонредните руски воени вежби

Заменик-генералниот секретар на НАТО Александар Вершбоу изјави дека вонредните воени вежби на Русија во Црното море претставуваат повод за загриженост.

Заменик-генералниот секретар на НАТО Александар Вершбоу изјави дека вонредните воени вежби на Русија во Црното море претставуваат повод за загриженост и не придонесуваат за воспоставувањето заемна доверба меѓу Москва и Алијансата, соопштува „Асошиејтед Прес“.

Според него, маневрите на РФ „не придонесуваат за стабилност и заемна доверба“. „Тие создаваат потенцијал за погрешни процени и недоразбирања, нашата позиција се состои во тоа да работиме на отстранување на таквите пропусти и да ги стабилизираме многу незадоволителните односи со Русија“, додаде тој.

Претходно постојаниот претставник на РФ во НАТО Александар Грушко изјави дека одржувањето на ненадејната проверка на руските сили не претставува закана за никого, пишува РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња