Медиум: Руските медиуми виновни што Шведска не сака во НАТО

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ ја обвини Русија за употреба на „медиумско оружје“ во рушењето на единството на западните земји.

„Силното руско оружје: ширењето лажни приказни“ е насловот на статијата на „Њујорк Тајмс“ чии автори се обидуваат да ја обвинат Русија за дезинформирање. Со помош на ова оружје, според мислењето на новинарите на американското издание, Русија ги постигнува своите надворешнополитички цели. А како за илустрација на ефикасноста на таа „руска дезинформација“ се наведува одбивањето на Шведска да стапи во НАТО.

„Њујорк Тајмс“ смета дека сомнежот кај населението на Шведска го посеале руските медиуми, иако додава дека за тоа нема докази.

„Шведските власти не можат да ги следат изворите на лажните соопштенија. Без оглед на тоа што многу аналитичари и експерти во САД и Европа укажуваат на Русија како на главен виновник“, пишува изданието. Но надворешнополитичката цел на Русија е токму да не дозволи експанзија на НАТО, додаваат авторите.

За борба со руското влијание еден шведски министер мораше дури и да патува по земјата со јавни настапи за да го убеди населението дека е безбедно да се биде членка на НАТО.

За борбa против руското медиумско влијание во НАТО и ЕУ се формираат посебни единици. Изданието укажува на основните цели за сличните структури. Тоа се „двете долги раце на Кремљ -  РТ (RT) и агенцијата „Спутник“, како и некои тајни канали за пренесување информации кои беа активирани во Шведска“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња