Белата куќа не исклучува неформална средба на Путин и Обама на Г-20 во Кина

Можно е Путин и Обама да поразговараат на маргините на самитот на Г-20 во Кина.

Белата куќа не исклучува неформална средба на претседателите на САД и Русија Барак Обама и Владимир Путин на маргините на самитот на Г-20 што треба да се одржи во Кина, изјави надворешнополитичкиот советник на Обама Бен Роудс.

„Немаме планирана формална билатерална средба, меѓутоа на секој од таквите самити на кои тие учествуваат, обично се надеваме да најдеме можност двајцата лидери да поминат некое време заедно фокусирани на Сирија и Украина“, изјави Роудс.

„Не знам дали ќе имаат формална билатерална средба, но очекувам да имаат можност да поразговараат на маргините на Г-20“, додаде Роудс, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња