Околностите за смртта се истражуваат. Истражниот тим го најде човекот на балконот со прострелна рана во главата. Според првичните наоди на вештак за судска медицина, смртта настапила во саботата навечер.
Според полициските службеници на Киев, убиениот е државјанин на Русија роден во 1962 година. Тој живеел неколку години во Киев и раководел со интернет-издаваштво.
На местото на настанот полицијата пронашла чаура, мал пиштол, магазини за пиштолот и претсмртно писмо. Вратата од станот била затворена, а во домот немало знаци на насилство.
Истражителите поведоа кривична постапка дело според членот „убиство со умисла“.
Истовремено, порталот „Киев оперативни“ на страницата на „Фејсбук“ соопшти дека убиениот е рускиот новинар и основач на агенцијата „Нов Регион“ Александар Шчетинин.
Како што пишува изданието, Шчетинин го нашле на балконот од неговиот стан негови пријатели кои дошле да му го честитаат роденденот. Како што пишува порталот, „Александар седел на стол со огнострелна рана во главата (под масата лежел пиштолот)“.
Случајот може да биде заведен како самоубиство. Шчетинин испратил до еден од своите блиски електронско писмо во кое зборува за намерата да изврши самоубиство, се вели во материјалот што го пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче