Премиерот на Русија Дмитриј Медведев ја потпиша одлуката за укинување на рестрикциите за чартер летови за Турција. Одлуката е објавена на сајтот на руската влада. Документот внесува измени во одлуката на владата на Русија од 3 ноември 2015 година со која се воведува забраната за чартер летови.
„Се наложува воведување дополнителни мерки за осигурување на сообраќајната безбедност при реализирањето редовен воздушен сообраќај со Турската Република“, се наведува во документот, пренесува РИА „Новости”.
Претходно претседателот на Русија Владимир Путин на 30 јуни го потпиша указот со кој се коригираат посебните мерки спрема Турција. Укинати се две ограничувања: препораката да не се продаваат туристички аранжмани за Турција и забраната за чартер летови.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче