Медиум: НАТО треба да ја спречи Турција да не падне во прегратките на Путин

НАТО се наоѓа меѓу Русија и „Исламската држава“ затоа што не смее да ја „загуби“ Турција, пишува поранешен американски амбасадор за магазинот „Њузвик“.

Поранешниот амбасадор на САД во Азербејџан Метју Брајза смета дека НАТО треба да го спречи „слободниот пад“ на Турција во прегратките на претседателот на Русија Владимир Путин. Својот став амбасадорот го изнесе во статија за магазинот „Њузвик“. 

Брајза сепак дека Путин нема да може да успее да го одвои Ердоган од НАТО. Тој е убеден дека Северноатлантската алијанса и Турција си се потребни една на друга. Земјите-членки на НАТО, според неговото мислење, се најдоа меѓу две опасности – меѓу „препородената“ Русија и „Исламската држава“. Токму затоа Алијансата не би смеела да ја „загуби“ Турција, иако односите меѓу Вашингтон и Анкара во последно време не се најдобри.

На пример, кога дојде до обидот за државен удар во Турција, државниот секретар на САД Џон Кери повика на мир и стабилност место да ги поддржи властите на една од членките на НАТО, пишува дипломатот. Освен тоа, заканата дека земјата ќе ја истера од Алијансата сериозни ги налути Турците.

На Анкара исто така не ѝ се допадна ни тоа што Вашингтон одбива да ѝ го испорача осомничениот за организирањето на обидот за преврат Фетулах Ѓулен.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња