Медиум: Наталија Поклонскаја иден кандидат за претседател на РФ

Британскиот таблоид „Дејли Мирор“ ја нарекува главната обвинителка на Крим „железната леди на Крим“.

Главната обвинителка на Крим Наталија Поклонскаја, која во Русија и надвор од неа ужива исклучителна популарност, соопшти дека ќе се кандидира за пратеник во Државната дума од редовите на партијата „Единствена Русија“, пишува британскиот таблоид „Дејли Мирор“. Весникот исто така тврди дека Поклонскаја, која магазинот „Форбс“ ја смести меѓу најперспективните политичари, е „потенцијален кандидат” на претседателските избори во Русија 2018 година.

Поклонскаја стана главен обвинител на Крим на 33-годишна возраст, набрзо по припојувањето на Крим кон Русија.

Како што потсетува „Дејли Мирор“, Наталија Поклонскаја стекна огромна популарност неколку минути по нејзината прва прес-конференција. Снимката на која Поклонскаја го слуша прашањето на новинар собра околу 300 илјади прегледи по објавувањето на јапонскиот канал на „Јутјуб“.  Оттогаш на интернет се појавуваат цртежи на Поклонскаја во јапонскиот стил аниме“, заклучува „Дејли Мирор“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња