„Нашето мислење и заклучоците ќе ги упатиме до Светската антидопинг агенција и Меѓународниот олимписки комитет. А нашиот заклучок е дека извештајот е фалсификуван. Неговиот правен метод не издржува никаква критика“, изјави Мутко за „Матч ТВ“.
Според Мутко, Министерството за спорт на РФ ќе се обрати до граѓанските судови, а авторите на извештајот ќе бидат повикани на кривична одговорност.
„Ќе се обратиме и до раководството на швајцарската компанија која ги произведуваше шишенцата за земање на примероци. Сакаме да дадат јавна оценка за нивните производи“, додаде министерот, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче