Лавров и Кери разговараа за Сирија

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров изјави дека Русија и САД успеале да направат неколку важни чекори напред во сириското регулирање.

Договорот за прекин на огнот во Сирија треба да се ревидира, изјави државниот секретар на САД Џон Кери во Женева по завршувањето на преговорите со министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров, соопштува „Лента.ру“.

„Мнозинството Сиријци дури и денеска не знаат дека имаше договор за прекин на огнот. Според поголемиот дел тој остана на хартија. Овој договор треба да се ревидира за да може да ја постигне целта за прекин на насилството“, изјави Кери. Според него, потребно е враќање кон реални преговори за политичко решавање на конфликтот.

Кери додаде дека Русија и САД нема премногу да брзаат во дорабоката на договорот за прекин на огнот во Сирија. Москва и Вашингтон имаат мали нерешени проблеми за решавање на ова прашање, наскоро во Женева ќе се одржат консултации.

Државниот секретар на САД призна дека конфликтот во Сирија е невозможно да се регулира без политичко решение.

Од своја страна, Лавров изјави дека Русија и САД успеале да направат неколку важни чекори напред во сириското регулирање. Двете страни треба да ги доведат до крај „сосем малкуте“ прашања за Сирија кои бараат конкретизација, додаде тој.

Министерот исто така соопшти дека Русија и САД се договориле за конкретни насоки според кои ќе работат со владата на Сирија и опозицијата. Постигнат е договор за активирање на билатералните контакти, вклучително и на воено ниво.

Лавров исто така изјави дека не гледа можност да се обезбеди постојан прекин на огнот без разграничување на терористите и опозицијата.

Шефот на руското МНР повика во најскоро време да се свикаат директни преговори меѓу Дамаск и целиот спектар на сириската опозиција. Според него, Курдите треба да останат дел од политичкиот процес и тие не смеат да бидат искористени за поделба на државата, затоа што тоа ќе повлече верижна реакција во целиот регион.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња