„Гаспром“ основа фирма-ќерка во Германија

Компанијата „Гаспром“ соопшти дека ја основала во Берлин Gazprom NGV Europe, компанија која во целост ѝ припаѓа на Gazprom Germania GmbH.

„На 24 август 2016 года Gazprom Group основа нова компанија Gazprom NGV Europe, во Берлин. Оваа компанија-ќерка во целост ѝ припаѓа на Gazprom Germania GmbH која ќе продолжи да ги врши работите поврзани со (трговијата) со течен природен гас“, се вели во соопштението на сајтот на Gazprom Marketing and Trading Ltd.

За раководител на компанијата е назначен Уве Јохан од Gazprom Marketing and Trading Ltd, пренесува „Рамблер Њуз Сервис“.

Се истакнува дека Gazprom NGV Europe е формирана со цел компанијата во целост да одговара на германското законодавство кое бара разграничување меѓу транспортот и трговијата.

Во моментов компанијата поседува 50 бензински пумпи во Германија, додека во Чешка и Полска има уште 10 станици.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња