Германскиот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер повика да се рестартира контролата над вооружувањето за да се спречи нова „трка за вооружување“, пишува „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“. За разгледување на ова прашање, исто така, ќе биде повикана и Русија, додаде германскиот политичар.
„Рестартирањето на контролата над вооружувањето е сигурно средство за создавање на транспарентност, доверба и спречување на ризикот“, истакна Штајнмаер. „Секој што сака да биде одговорен за безбедноста на Европа, може да биде повикан на соработка“.
Претходно Запад спроведуваше стратегија на „заплашување и попуштање" во однос на Русија. НАТО продолжува да се придржува на оваа „двојна стратегија“. „Заплашувањето е конкретно и видливо за сите, понудата за соработка исто така треба да биде конкретна“, потенцира шефот на германското министерство за надворешни работи. Според него, контролата на оружјето треба да се врши „на сите спорните територии“. Важна платформа за „структуриран дијалог со сите партнери“ ќе биде ОБСЕ со кое ќе претседава Германија во 2016 година.
„Русија ги прекрши основните принципи на светскиот поредок кои за нас не се предмет на дисусија. Довербата што се градеше со децении исчезна. Но, во исто време нас треба да нѐ обидува интересот за спречување на уште едно заострување“, резимира Штајнмаер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче