САД сметаат дека Русија ќе ги исполни своите обврски пред соседните земји во врска со објавената ненадејна проверка на борбената готовност на своите вооружени сили, изјави за РИА „Новости“ портпаролот на Пентагон Мишел Балданза.
„Видовме информации за тоа дека руската војска објави ненајавени воени вежби. Сметаме дека Русија ќе ги исполни сите свои обврски во рамките на постојните договори и ќе им ги даде на соседите неопходните уверувања и информации за размерот и природата на тие активности“, изјави таа.
Заменикот-министер за одбрана на Русија Анатолиј Антонов соопшти дека маневрите се реализираат со строго почитување на Виенскиот договор во рамките на кој земјите-членки на ОБСЕ разменуваат информации за воените сили, одбранбеното планирање и воените буџети.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче