Руското издание на магазинот „Форбс“ објави рејтинг на најбогатите жени во Русија. На првото место се најде претприемачот, претседател на компанијата „Интеко Менаџмент“ (Inteco Management) Елена Батурина, чие богатство се проценува на 1,1 милијарди долари.
Меѓу првите десет (на осмо место) се најде тенисерката Марија Шарапова со богатство од 260 милиони долари. Претходно Шарапова го заземаше првото место на списокот со најбогати руски ѕвезди од шоу-бизнисот и спортот, со заработени 21,9 милиони долари во сезоната 2015/16.
На списокот на „Форбс“ се најдоа и поранешните жени на милијардерите Дмитриј Риболовлев (сопственик и претседател на францускиот фудбалски клуб „Монако“) и на Роман Абрамович (сопственик на англискиот фудбалски клуб „Челзи“). Елена Риболовлева е на второ место со имот од 600 милиони долари, а Ирина Абрамович е шеста со богатство од 300 милиони долари.
При составувањето на рејтингот изданието се базираше врз податоци од компаниите и оценки на експерти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче