Новиот „Тигар” со топ со калибар 30 милиметри ќе биде без возач

Новиот „Тигар” може да се движи и стрела од 30-милиметарски топ без човек во кабината.

„Военоиндустриската компанија” (ВПК) проектираше верзија на оклопното возило  „Тигар” на далечинско управување. Возилото може да се движи и стрела од 30-милиметарски топ без човек во кабината, соопшти генералниот директор на компанијата Александар Красовицки.

„Да, имаме новина за која сѐ уште не сме зборувале: специјалниот автомобил „Тигар“ опремен со борбен модул со автоматски топ со калибар 30 милиметри“, изјави Красовицки, пренесува „Взгљад”.

Како што соопшти генералниот директор на ВПК, „Тигар” може не само да се движи и стрела по команда на операторот, туку може и самостојно да ја пронаоѓа и следи целта. 

Тој исто така соопшти кога ќе се појави пробниот модел на новото возило изработено врз база на основниот модел на оклопното возило „Тигар“.

„Мислам веќе во 2017 година ќе завршиме дел од работите, ќе направиме пробен модел, а во 2018 година ќе почнеме тестирање и ќе преминеме на сериско производство“, изјави Красовицки.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња