Вонредна масовна проверка на борбената готовност на руската војска

Проверката на борбената готовност на Вооружените сили на Руската Федерација ќе ги опфати Јужниот, Западниот и Централниот воен округ, како и Северната флота и командите на Воздушно-космичките сили и Воздушно-десантните сили, соопшти министерот за одбрана на Русија генерал на армија Сергеј Шојгу.

Министерството за одбрана на Русија врз основа на одлуката на врховниот командант Владимир Путин објави почеток на вонредната проверка на борбената готовност на Вооружените сили на Русија, која ќе ги опфати Јужниот, Западниот и Централниот воен округ, како и Северната флота и командите на Воздушно-космичките сили и Воздушно-десантните сили, соопшти министерот за одбрана на Русија генерал на армија Сергеј Шојгу.

„Согласно одлуката на врховниот командант на Вооружените сили на Русија почна вонредна проверка. Силите на Јужниот, дел од силите и средствата на Западниот и централниот воен округ, Северната флота, командата на Воздушно-космичките сили, командата на Воздушно-десантните сили од 7:00 часот по московско време се доведени во состојба на целосна борбена готовност“, соопшти Шојгу на советувањето со раководниот состав, пренесува РИА „Новости”.

Проверката ќе трае од 25 до 31 август.

Истовремено, според зборовите на Шојгу, во Јужниот воен округ ќе се спроведува интензивна подготовка за стратешките маневри „Кавказ 2016“. Веќе се реализирани командно-штапските вежби.

„Органите на воената команда, единиците за борбено, специјално и материјално-техничко санбдување во текот на 12 специјални вежби извежбаа благовремено распоредување на системот за комплетно снабдување на воените сили“, изјави рускиот министер.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња