Во Сочи (околу 1600 км јужно од Москва) се појави првото во Русија православно одморалиште „Лесное“, изјавија за „Руска реч на македонски“ од администрацијата на градот. Одморалиштето го продолжува развојот на православниот туризам во Краснодарскиот крај, каде може да се оди на 11 аџилачки и духовно-просветителски тури, како и на 7 религиозни екскурзии.
„Лесное“ нуди екскурзии во грчката православна црква „Св. Георги Победоносец“, на остатоците од средновековните христијански храмови „Лесное 1“, „Лесное 2“, Крион-Нерон (2 половина од X век) и во кањонот на реката Псахо.
Во одморалиштето има две бази за одмор, а нуди и маршрута за активна екскурзија за пешачење.
Освен тоа, на религиозните патници во Краснодарскиот крај им се нудат екскурзии во градовите Новоросијск, Геленџик, Краснодар и други реони. Сите овие дестинации се изработени со поддршка на Центарот за аџилак на Екатеринодарската и Кубанска епархија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче