„САД ќе работат со нашите меѓународни партнери и ќе бараат контрола (врз ширењето и употребата на хемиското оружје) со помош на соодветни дипломатски механизми, вклучутелно и преку Советот за безбедност на ООН и Меѓународната организација за забрана на хемиското оружје (ОЗХО). Ги повикуваме сите членки на конвенцијата на ООН за забрана на хемиското оружје, вклучително и Русија и Иран, да земат учество во тој процес“, изјави Прајс.
Што се однесува до терористичката организација „Исламска држава“, Белата куќа изјави дека коалицијата предводена од САД „продолжува да ги ликвидира водачите“ од бојното поле, имајќи ја предвид информацијата за примена на хемиско оружје, пренесува „Взгљад“.
Мисијата на ООН и ОЗХО за истражување на случаи со примена на хемиски материи за воени цели во Сирија работеше на девет инциденти и утврди дека во три напади било употребено хемиско оружје. Тие тврдат дека два напади биле наводно извршени од владините сили, а еден од терористичката организација „Исламска држава“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче