Путин ветува посебни натпреварувања за параолимпијците

Наградите за првите три места во натпреварувањата ќе бидат исти како за медали на Параолимпијадата

Русија ќе организира натпреварувања за параолимпијците на кои не им е дозволено учество на Параолимпијадата во Рио, при што наградите за првите три места ќе бидат исти како за медали на Параолимпијадата, изјави претседателот на Русија Владимир Путин.

„Сакам да им кажам на нашите параолимпијци: ние, се разбира, ќе ве поддржуваме и специјално ќе организираме натпреварувања каде ќе можете да ја покажете сета ваша умешност, а наградите за победниците и наградените ќе бидат исти како и по завршувањето на Параолимписките игри“, рече Путин во четвртокот на средбата со медалистите од Олимписките игри во Рио.

Тој ја нарече неморална и нечовечна одлуката на Меѓународниот параолимписки комитет за одземање на можноста на руските спортисти да учествуваат на Параолимпијадата во Рио.

„Одлуката за дисквалификација на нашите параолимпијци е надвор од правото и моралот. Едноставно е цинично да се подигрувате, да го истурате својот бес врз оние за кои спортот станал смислата на животот, врз оние кои со својот пример им даваат надеж, верба во своите сили на милиони луѓе со ограничени способности“, изјави претседателот на Русија, пренесува „Интерфакс“.

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња