„Во неа (изјавата) уште еднаш е направен обид да се стави знак на еднаквост меѓу нацистичка Германија – земја-агресор и СССР чии народи го примија врз себе главниот удар на фашизмот, кои поставија сигурна пречка на патот на идеологијата на омраза спрема човекот која се закануваше на самото постоење на нашата цивилизација“, се вели во коментарот на сајтот на МНР РФ.
Во него се истакнува дека во изјавата „се одрекува фактот и значењето на уништувањето на нацистичкиот режим и ослободувањето на Европа од страна на Советскиот Сојуз, затоа што, наводно, со завршувањето на Втората светска војна многу народи од Централна и Источна Европа продолжија да страдаат од други тоталитарни режими. Се прави вештачка алузија со 23 август – датумот на склучување на советско-германскиот Договор за ненапаѓање“.
„Притоа според сфаќањето на бриселските чиновници токму неговото потпишување „го означило почетокот на еден од најмрачните периоди од најновата историја на Европа“. Меѓутоа токму западните земји спроведуваа политика на смирување на агресорот, која кулминираше со злогласниот Минхенски договор од 1938 година, што доведе до поделба на Чехословачка. Сакаме исто така да потсетиме дека декларацијата за ненапаѓање, која е пандан на Договорот меѓу Германија и Советскиот Сојуз, Англија и Франција ја потпишаа со Германија една година пред СССР. Но во Европската унија повеќе би сакале да го заборават тоа“, истакнува МНР РФ.
Во коментарот се наведува дека „вакцината против нацистичкиот вирус која, меѓу другото, му е инјектирана на Нирнбершкиот процес, постепено почнува да слабее. Отворено се води пропаганда на нацистички идеи и вредности, национал-радикализмот ја крева главата. Особена загриженост предизвикува ситуацијата во Украина, каде во суштина се врши рехабилитација на нацистичките злосторници. Сето тоа не само што го валка сеќавањето на милионите жртви, туку и ги загрозува фундаменталните принципи на демократијата и човековите права“.
„Со негодување ги следиме циничните обиди за фалсификување на историјата на Втората светска војна, за изедначување на жртвите и џелатите, за издигнување на ниво на херои на нацистите и нивните соработници. Очигледна е целта на таквите нечесни потези: да се искористат историските шпекулации за геополитички игри, да се скараат цели земји и народи. Особена загриженост предизвикува движењето против спомениците на советските граѓани загинати во борбата против нацизмот кое е активно во некои европски земји, а особено во Полска“, истакнува рускиот дипломатски ресор.
„Се добива впечаток дека раководството на ЕУ не ги научило до крај најважните лекции од Втората светска војна и дека сѐ уште не сака да ги научи“, заклучува МНР РФ.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче