„На Европа ѝ е потребна диверзификација на енергетскиот пазар. Вие ќе морате да се позанимавате со тоа прашање. Меѓутоа, тој проект може да ја дестабилизира Украина“, рече Бајден.
Американскиот политичар исто така истакна дека пазарот треба да биде отворен и конкурентноспособен.
Бајден потсети и дека Европа има можност за набавка на течен гас од Америка.
Медиумите денеска пишуваа дека Бајден во текот на преговорите со шведскиот министер Стефан Левен би можел да повика на активности насочени против проектот „Северен тек 2“, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче