Истражниот комитет на Русија (ИКР) поведе кривична постапка против министерот за одбрана на Украина Степан Полторак, началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Украина Виктор Муженко и редица други високи офицери, соопшти ИКРна својот сајт во средата, 24 август.
Истрагата се врши поради индиции за употреба од страна на украинските сили за безбедност на забранети средства и методи на војување во југоисточниот дел на Украина (член 356 од Кривичниот законик на РФ). Под истрага се најдоа и поранешниот и сегашниот командант на Копнените сили на Вооружените сили на Украина Анатолиј Пушњаков и Сергеј Попко и командантот на Националната гарда Јуриј Алеров.
Истрагата утврди дека Киев многупати го прекршил договорот за прекин на огнот и за повлекување на тешкото оружје склучен со самопрогласените Донецка и Луганска народна република на 15 февруари 2015 година. На пример, војниците на Националната гарда и Вооружените сили на Украина периодично отворале оган врз цивилни инфраструктура во некои реони на Донецката и Луганската област со употреба на тешко оружје со висока прецизност.
ИКР потенцира дека како резултат на артилериските гранатирања делумно или во целост се срушени повеќе од 183 објекти на цивилната инфраструктура. Притоа загинале седум цивили, 74 лица биле ранети, меѓу кои и седум малолетници.
Според соопштението, добиени се доволно докази дека незаконските дејства во однос на цивилите се вршеле по наредба на највисокото воено раководство на Украина, пренесува „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче