Русија нуди помош на Италија за отстранување на последиците од земјотресот

Русија е подготвена итно да испрати спасувачи од одредот „Центроспас” и центарот „Лидер” на Министерството за вонредни состојби кои имаат големо искуство во работата во зоните на разорни земјотреси и располагаат со најсовремена опрема за пребарување на урнатини и спасување луѓе.

Министерот за вонредни ситуации на Русија Владимир Пучков испрати телеграма до директорот на секретаријатот за цивилна заштита при Советот на министри на Италија Фабрицио Курчо во која нуди помош во отстранувањето на последиците од разорниот земјотрес.

„Сакам да понудам практична помош на Министерството за вонредни состојби на Русија во отстранувањето на последиците од несреќата“, се наведува во телеграмата на министерот за вонредни состојби на Русија, пренесува „Взгљад”.

Прес-службата на министерството истакнува дека се подготвени спасувачите од одредот „Центроспас” и центарот „Лидер” на Министерството за вонредни состојби кои имаат големо искуство во работата во зоните на разорни земјотреси и располагаат со најсовремена опрема за пребарување на урнатини и спасување луѓе.

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала утринава во 3:36 часот го погоди местото Аматриче во планинската област на централна Италија, 76 километри североисточно од Перуџа.

Во земјотресот загинаа најмалку 14 лица, а околу 3000 луѓе се заробени под урнатините.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња